fbpx

Што значат измените на Законот за облигациони односи за застарувањето на побарувањата?

Одговара Зоран Василевски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Навистина законските измени на Законот за облигациони односи во изминатата речиси година дена создадоа навистина недоразбирања и противречности како за граѓаните така и за надлежните институции што се занимаваат со присилната наплата и со одлуките поврзани со тоа. Се донесоа три клучни измени, две не се воопшто спорни тоа е дека казнената камата престанува да тече кога ќе го достигне износот на главното побарување, втората е дека од донесување на правосилна пресуда доверителите имаат можност во рок од пет години да поднесат барање за извршување место досегашните десет и сето тоа е во ред.

Но, во делот дека присилата настапува апсолутно застареност на присилната наплата од како ќе изминат десет години од како било поднесено барањето за извршување тука навистина аргументите на правната фела беа силни, но уставниот суд досегашните иницијативи ги одби и моменталната ситуација е дека навистина дека само суд може да утврди дали постои апсолутна застареност на присилната наплата и доколку граѓаните се одбиени или како што е наведено во прашањето, доколку судот се огласил за ненадлежен секако дека тука стои можноста граѓанинот да се обрати до судскиот совет кој го испитува постапувањето на судиите.

Во секој случај од она како овластено здружение го дознаваме преку работата со странки дека извршителите на некој начин по овие законски измени ја ставаат во мирување извршната постапка и не преземаат дејствија, а како ќе се разреши невоеднечената судска пракса затоа ќе треба апелационите судови на нивните квартални заседанија во текот годината да донесат одлука како ќе се постапува по овие предмети.