И по 30 години независност нам ни требаат политички арбитри од надвор

i po 30 godini nezavisnost nam ni trebaat politicki arbitri od nadvor featured

Консензусот кој постоеше до сега во Македонија околу надворешно-политичките прашања полека се расипува и растура под налетот на неуспешниот процес на интеграција во Европската унија и појавувањето на алтернативни опции. Почетокот на македонската државност беше обележен со судирот меѓу двете најголеми етнички групи за потоа овој конфликт полека да се пресели на внатретнички план, како кај етничките Македонци така и кај етничките Албанци. Кој беше најкрупниот политички момент за нашата држава, зошто денес е полесно да смените државен функционер, отколку претставник во политичка партија, почнува ли процесот на демистификција на либералната демократија? На овие теми, разговараме со д-р Ѓулистана Марковска, поранешен пратеник, и проф. д-р Ризван Сулејмани, поранешен министер, пратеник, универзитетски професор,  обајцата искусни ветерани на македонската политичка сцена.

Најкрупниот политички момент во Македонија беше кога Владата требаше да се рекомпонира и дека во Владата и во носењето на Рамковниот договор требаше да учествуваат сите за да се подели одговорноста за едно такво формално рекомпонирање на државата, особено по територијалната поделба на општините.

gulistana markovska 300x300 1

Д-р Ѓулистана Марковска: За историјатот на еден конфликт

i po 30 godini nezavisnost nam ni trebaat politicki arbitri od nadvor 1

И покрај 30 години независност, ние сме несозреани како држава на кои им требаат политички арбитри од надвор. Во однос на, условно кажано политичко паразење како резултат на „бадентер“ нас ни треба исклучиво граѓанска држава.

gulistana markovska 300x300 1

Д-р Ѓулистана Марковска: За историјатот на еден конфликт

Кај нас, најголем број од партиите се султан партии, без демократија, ниту вертикална ниту хоризонтална. Побрзо ќе смениме државен функционер, отколку претставник во политичка партија.

gulistana markovska 300x300 1

Д-р Ѓулистана Марковска: За историјатот на еден конфликт

Албанците го бојкотираа референдумот за независност, но пратениците Албанци гласаа за Декларациата за независност.

rizvan sulejmani 300x300 1

Проф. д-р Ризван Сулејмани: Референдумот за независност и македонско-албанските односи

i po 30 godini nezavisnost nam ni trebaat politicki arbitri od nadvor 2

Без теоретско ниту практично искуство за тоа како се гради либералната демократија и пазараното стопанство се определивме за тоа пат, бидејќи тоа беше единствена гравитациона точка каде граѓаните ќе се чувствуваат побезбедни и ќе се создаде држава на благосостојба.

rizvan sulejmani 300x300 1

Проф. д-р Ризван Сулејмани: За демократијата без демократи и демократско искуство

Од една страна се парите, можностите и Европа, а од друга се културата религијата, влијанија кои се повеќе пенетрираат. Митот за либералната демократија има сериозни предизвици. Каков ќе биде изборот?

rizvan sulejmani 300x300 1

Проф. д-р Ризван Сулејмани: За меката и тврда моќ и нашите алтернативи

 

Целиот поткаст на тема „Консензусот наш насушен“ може да го слушнете на следниот линк