Одговара Весна Кочовска, експерт за трудово право.
Според општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. За непрекинато боледување подолго од шест месеци поради повреда од работа или професионално заболување, согласно колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач се исплатува надоместок во висина на основицата. Основицата за пресметување на надоместокот претставува месечната просечна нето плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во последните три месеци.