fbpx

Како граѓаните можат онлајн да извадат извештај од Kредитен регистар и за што служи?

Одговара Илија Андовски од Народната банка на Република Северна Македонија.

Народната Банка согласно закон води кредитен регистар. Кредитниот регистар претставува една база на податоци во која што банките ги пријавуваат своите кредитни изложености. Поедноставно кажано банките и штедилниците на редовна месечна основа за сите свои клиенти правни и физички лица ги пријавуваат активно одобрените кредити. Кредитниот регистар се води по кредитна партија. За секоја кредитна партија се пријавуваат поголем број на карактеристики од кои како најважни би ги издвоил: моменталната висина на долгот, бројот на денови на доцнење во сервисирање на обврските, како и категоријата на ризик определена од страна на банката или штедилницата.

Народната банка податоците од кредитниот регистар ги користи за супервизорски цели за анализа на кредитниот ризик кој што се изложени банките и штедилниците. Банките и штедилниците пак овие податоци ги користат во процесот на определување на кредитна способност на своите нови или постојни клиенти. Покрај Народната банка, банките и штедилниците податоците и од кредитниот регистар може да се користат и од страна на граѓаните. Секој граѓанин може да поднесе и барање да добие извештај со податоци од кредитниот регистар.

Извештајот од кредитниот регистар содржи податоци за моменталната состојба на неговиот долг, податоци за просечна категорија на ризик определена од страна на секоја од банките каде има кредити, дали некаде се јавува како гарантор или жирант, и исто така дали некоја банка за него има пријавено отпишано побарување. Податоците во извештајот се со последна расположлива состојба која ја има народната банка. Досега овој извештај можеше да се добие единствено преку поднесување на барање лично во просториите на Народна банка. Со цел поедноставување на начинот на добивање на оваа услуга Народна Банка овозможи и нов канал преку кој ќе може да се добие овој извештај и истиот е сега достапен преку националниот портал на услуги uslugi.gov.mk.

Секој граѓанин којшто сака да ја добие оваа услуга преку националниот портал на услуги треба да креира профил на ризик и истата услуга е достапна 24 часа во денот седум дена во неделата и е достапна на македонски и на албански јазик. Како и досега услугата на граѓаните останува бесплатна.