fbpx

Кои се несакани последици од вакцините?

Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Во поглед на несаканите последици кои многу често ги плашат родителите значи, имаме различни вакцини имаме несакани реакции, имаме лесни, умерени и тешки несакани реакции. Најчесто се јавуваат лесните несакани реакции она што и здравствените работници им го предочуваат на родителите: појава на црвенило, на оток можеби локално, локална топлина, болка на местото на апликација. Тие доста често се јавуваат да речеме можеби секое второ дете има таква некоја реакција. Обично се лесни спонтано поминуваат се јавуваат во првите 24 до 48 часа и не бараат некоја интервенција од лекар. Се едуцираат родителите како постапат со овие состојби.

Карактеристично е да кажеме дека за овие петто и шестовалентни вакцини дека обично првите дози не предизвикуваат несакани реакции, почесто се јавуваат за време на ревакцините втората, третата ревакцина може да даде побурна реакција локално. Умерените реакции да речам се температурата, не е онаа температура очекувана до 38, меѓутоа повисока температура 38.5 и 39.00 која може да дадат вакцините, секој организам различно реагира. Нема правило и затоа едно од десет деца може да качи висока температура. Значи пак не е тоа честа несакана реакција, меѓутоа очекувана несакана реакција и повторно обично поминува спонтано од еден до два дена. И оние тешки сериозни несакани реакции тоа се исклучително ретки. Ако видите во самите упатства на вакцините тоа се јавува кај еден на десет илјади, еден на пет илјади дадени вакцини или на сто илјади да речеме.

Најтешка реакција е анафилтактичниот шок, но било што го пишуваат како ризик, исклучително ретко се јавуваат такви состојби. И затоа е препораката по примање на вакцина барем 15 минути да детето и родителот останат во просторијата во чекалната затоа што ако се случи тежок анафилткатичен шок тоа ќе се случи во првите неколку минути по примањето на вакцината. Има и други да речам ретки во оваа група на тешки и ретки. Меѓутоа повторно ќе кажам и тоа се состојби коишто се лекуваат, се третираат и не оставаат последици по здравјето на детето. Да речеме на примањето на БЦГ може на едно на десет илјади деца да направи бесежит. Значи на местото на примање со оток на лимфни јазли може со сеценирање на секрет којшто трае можеби подолг временски период со локално создавање на апцис. Меѓутоа и тоа е состојба која што се третира со лекови и не остава никакви последици по здравјето на детето.

Потоа може да кажеме да речеме МРП вакцината која што исто на десет илјади, на 20 илјади дадени вакцини може да даде тромбоцитотопенија во рок од втората и четвртата недела од примање на вакцината. Повторно не е сериозна состојба треба да се следи може да се делува со терапија колку што има потреба меѓутоа спонтано се повлекува и поминува и оние реакции не се причина да се прекине имунизацијата напротив пак тука треба консултација да речеме со специјалист имунолог во однос на понатамошното вакцинирање меѓутоа повторно ќе кажам и овие реакции се сериозни и не се причина да се прекине со редовната имунизацијата со таа вакцина.