fbpx

Дали ми следува 30 дена одмор пред да одам во пензија?

Одговара Весна Кочовска, експерт за трудово право.

Според Законот за работните односи годишниот одмор по правило се користи во текот на календарската година. Според колективниот договор за основното образование и колективниот договор за средното образование наставниците можат да го користат годишниот одмор за време на летниот распуст по исклучок наставниците на кои им престанува работниот однос по основ заминување во пензија можат да го искористат годишниот одмор во текот на учебната година. Решение за користење на годишниот одмор донесува директорот.