Одговара Зоран Василевски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Управувањето со станбени згради е регулирано со Законот за домување притоа сопствениците на посебни делови од станбена зграда може да одлучат да формираат заедница на сопственици или управувањето да го доверат на надворешно лице или фирма управител. Многу е битно, дали е формирана оваа заедница на сопственици. Како би имала правен субјективитет затоа што во случајов се работи за кираџија, склучен е договор за закуп со одредено лице. Треба да се провери во самиот договор во случај на неплаќање кој е надлежен суд? И во кој рок може да се поднесе тужба? Она што е очигледно е дека доброволна наплата на долгот за заедничко одржување на зградата нема и затоа единствено по судски пат може да се присили да го плати она за што сите плаќаат.