За колку време застарува долг кон заедницата на станари и како да се наплати ако сопственикот на станот е починат, а наследниците не можат да се договорат?

Одговараат од Регулаторната комисија за домување.

Во конкретниов случај најпрво треба да се спроведе постапка за оставнина. По завршувањето на постапката новиот сопственик согласно член 51 од Законот за домување е должен да ги преземе правата и обврските на неговиот правен претходник од сите договори што управителот претходно ги склучил со трети лица во рамките на своите овластувања.