Млади спортисти: Меѓу рекордите и борбата за подобри услови

Што се презема за рестартирање на спортот? Какви новини ќе има за младите спортските таленти? Од Министерството за спорт велат дека ќе се финансираат исклучиво талентирани идни олимпијци и програми кои ќе бидат строги и стриктни. Во ова издание на емисијата „Само прашај“ ви претставуваме тројца млади спортски таленти - сите олимписки претставници - пливачот Никола Ѓуретановиќ и таеквондиската Милијана Релиќ кои лани настапуваа на Олимписките игри во Париз и Тони Лазов, најмладиот носител на шаховски олимписки медал во Македонија кој го освои сребро на Шаховската олимпијада во Будимпешта.