Предизборните кампањи само што не почнале. А еднаш кога ќе почнат, испитувањата на јавното мислење се секојдневна тема, па зачестуваат и објавите на различните институти, агенции и центри кои испитуваат јавно мислење. Партиските реакции следат „по дифолт“. Граѓаните секогаш реагираат на анкетите, некогаш позитивно, а често и негативно, особено затоа што многумина сметаат дека анкетите се инструмент за правење притисок и насочување на јавното мислење кон одредена партија или коалиција. Неретко грешки прават и медиумите и ја комплицираат ситуацијата, бидејќи нејасно известуваат за анкетните резултати и не ги објаснуваат доволно и во детали резултатите кои ги анализираат. Дополнително, граѓаните се збунети и од анкетните центри „за една употреба“ кои објавуваат испитувања на јавното мислење со нереални и очигледно пристрасни резултати што резултира со неможност на граѓаните да разликуваат меѓу кредибилни и не кредибилни центри за испитување на јавното мислење.
За темата испитувања на јавното мислење, зборуваме со Андреја Стојковски од „Преспа Институтот“ и Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“.
Се ближат двојни избори, претседателски и парламентарни, па се поактуелни ќе стануваат анкетите. Но, дел од публиката секогаш е скептична и со голема резерва гледа на резултатите од нив. Како се прави една анкета, како тече процесот и како се објавуваат резултатите?
Стојковски: Една анкета не значи предвидување на изборен резултат!
Познато е дека многу агенции во САД во неколкуте последни циклуси на претседателски избори со огромни примероци правеа очајно лоши предвидувања, а некои со многу мали примероци успеваа многу прецизно да ги погодат резултатите?
Стојковски: САД - 230 милиони луѓе, 600 испитаници – точни предвидувања!
Кои се најчестите грешки кои медиумите ги прават кога објавуваат резултати од истражувачките центри? Една, на пример, е изразување на поддршката за одреден кандидат или партија како процент на поддршка на сите испитаници наспроти процент изразен од предвидената излезност. Ова лесно збунува, а медиумите често не го нагласуваат и објаснуваат.
Стојковски: Пристрасност?
Зошто е потешко да се предвидат изборните резултати на помалите партии? Што е тоа маргинална грешка и како таа влијае на проекциите кои се прават за она што реално го добиваме како резултат на изборите?
Спасов: Проценка на „нови играчи“ на политиката.
Имаат ли анкетите моќ да го сменат и насочат јавното мислење или тие се тука само да дадат предвидување без некое особено влијание врз јавноста и изборните исходи? Тие се средство за давање пресек на јавното мислење или за заведување на јавноста?
Спасов: Војна со анкети?
Со време се етаблираа неколку кредибилни центри за испитување на јавното мислење кај нас, кои меѓу себе имаат многу мали разлики во предвидувањата. Но, повремено се јавуваат и скоро непознати извори на анкетни предвидувања, особено непосредно пред избори, кои даваат потполно пристрасни и неверојатни предвидувања во границите на научната фантастика. Како да разликуваме сериозни од сензационалистички центри за испитување на јавното мислење?
Спасов: Тешко да препознаеме анкетни „измамници“!
Целиот поткаст под наслов „Јас само да прашам! може да го слушнете тука.