fbpx

Енергетската криза изроди многу „експерти“ за енергија и климатски промени 

 

Зимата помина, а неславно поминаа и сите апокалиптични сценарија кои се појавија како резултат на судирот во Украина, според кои европските држави требаше да доживеат енергетски колапс или евентуално да се соочат со енергетски дефицит кој би предизвикал политичка и економска дестабилизација. Дома, пак, енергетската криза изроди многу експерти за енергетска политика, климатски промени, производство и пренос на електрична енергија и за геополитички прашања за енергетската дипломатија. Со д-р Наташа Марковска, професорка при Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ и м-р Марко Бислимовски, директор на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси ги бараме одговорите за тоа: колку сме енергетски независни како држава, имаме ли план за енергетска одржливост, инвестираме ли во обновливи извори на енергија, зошто поскапе струјата и како се утврдува нејзината цена.

Се повеќе држави забрзано инвестираат во обновливи извори на енергија. Кризата во Украина ги забрза напорите државите да се осамостојат во делот на снабдување со енергија, што беше дел од политичката агенда на скоро секој држава дури и многу пред кризата во Украина. Во кои обновливи извори се инвестира, какви напори прават државите а особено европските и каква е иднината на обновливите извори на енергија?

Д-р Марковска: Зошто земјите се вртат кон обновливи извори

Што се тоа паметни енергетски системи? Класичното поимање на потрошувачката на енергија во општествата досега беше базирана на побарувачката на енергија но новата енергетска парадигма ни укажува дека пристапот ќе мора да се базира на нејзината понуда. Од друга страна, паметните енергетски системи наложуваат оној кој ја троши да се обиде и да произведува електрична енергија истовремено. Но како тоа точно се постигнува и што е точно потребно, може подетално да се објасни низ призмата на интегрираните енергетски системи во кои влегува домашната потрошувачка, индустриската потрошувачка но и транспортот како посебен сегмент.

Д-р Марковска: Паметни енергетски системи

По инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година и политичките развитија потоа, стана јасно дека Европа трајно ќе се оддалечува од употреба на руските ресурси, а особено енергенси. Но, тоа е секако многу комплицирана и скапа операција, со оглед на тоа дека зависноста од руски гас на многу европски земји беше исклучително висока. Сепак, решеноста на европските земји да најдат соодветни алтернативи е повеќе од очигледна, а релативно благата зима помогна во тоа да се преброди студениот период без огромни потреси и апокалиптични сценарија кои беа правени на почетокот на руско-украинскиот судир. Кои се алтернативните сценарија на рускиот гас?

Д-р Марковска: Кои се алтернативните сценарија за рускиот гас?

Едно од најконтроверзните прашања кај нас и во регионот е прашањето на малите хидроцентрали и нивното градење. Од една страна, противниците на градењето на мали хидроцентрали се загрижени за зачувување на биодиверзитетот и еколошкиот минимум на реките каде овие централи се градат. Од друга страна, а во пресрет на украинската криза и ценовното „цунами“ повеќе од очигледно е дека секој капацитет кој произведува електрична енергија, без разлика колку скромен, е повеќе од добредојден. Во крајна линија, основното прашање е дали е можно градење на мали хидроцентрали на начин на кој нема да се загрози животната средина и дали може да се најде компромис помеѓу природата и потребата таа да работи во полза на човекот. Дополнително е интересно како е уредено тоа прашање кај нас.

М-р Бислимоски: Дали е можен компромис за малите хидроцентрали?

Очигледна е решеноста на европските земји да најдат соодветни алтернативи за зависноста од рускиот гас. Но, дали тоа е можно, кои се тие сценарија и дали „планот Б“ може да успее?

М-р Бислимоски: Кој е планот Б на Европа за рускиот гас?

Според податоците на Меѓународната заедница за обновлива енергија (IRENA), македонскиот енергетски сектор во 2020 година произвел струја која ни доаѓа 72% од необновливи извори (фосилни горива) и само 28% од обновливи. Овие 28% најмногу се состојат од енергија добиена од користење водни извори (хидроелектрани) и тоа 24% додека ветерот придонесува само со 2% а соларната енергија е на занемарливо ниво. Дали токму во промената на овие проценти лежи клучот на македонската енергетска независност, но и декарбонизација, и кој е клучниот сегмент во кој треба да се инвестира долгорочно?

М-р Бислимоски: Што е клучот за македонската енергетска независност и декарбонизација?

Целиот поткаст под наслов „Чао, ЕВН“ може да го слушнете на следниот линк: