Одговара Иван Живковски од Агенцијата за катастар на недвижности.
Имотен лист може да се извади пред сè во сите подрачни одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности. Она што не го знаат граѓаните е дека може да се извади преку професионалните корисници, а тоа се: нотарите, општините, геодетите и адвокатите што се регистрирани како професионални корисници. Може преку нив да се извади и постои можност да се подигне, односно да се извади електронски преку ОССП порталот којшто е во рамки на услугите коишто ги дава Агенцијата на катастар за недвижности.