Одговара Савче Ѓошева, студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Студентскиот правобранител има овластување да посредува во спорови помеѓу единиците и студентите, помеѓу универзитетот и студентите. Има овластување и да дава препораки околу тоа како би се разрешиле некои спорови, да дава сугестии, да соработува со студентите и со единиците на универзитетот. Но, има овластување и да покренува прашања коишто самиот смета дека треба да бидат покренати, а се однесуваат токму на правата на студентите и на автономијата на студентското организирање.