Одговара Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачите на Македонија.
Значи како потрошувачи посебно во овој период од годината на новогодишна треска гледаме по продавниците натписи: акциска продажба, акциска продажба кога ќе влеземе внатре дали има или нема, значи дали се намалени цените не сме сосема сигурни. Треба да правиме разлика помеѓу акциска продажба, распродажба и сезонско намалување. Акциската продажба може да трае 30 дена, распродажбата ако е истакната тогаш треба да станува збор за продавница којашто веќе престанува да работи се сели на друга локација, а сезонската распродажба е таа која е одредена во законот со точно одреден датум, односно таа оди на крајот од декември и некаде таму на крајот на август.