fbpx

Која е задачата на студентскиот правобранител?

Одговара Савче Ѓошева, студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Студентскиот правобранител е позиција воведена во 2018 година, со новиот Закон за високо образование. Оваа функција посебно се истакна бидејќи таа има за цел да ги заштитува правата на студентите. Секогаш кога нивните права се прекршени, кога студентите се угнетени – тогаш студентскиот правобранител настапува на сцена со тоа што ги застапува нивните права во рамките на универзитетот и неговите единици.