fbpx

Што може да се направи кога сите станари не сакаат да платат за нов лифт?

Одговара Ќемал Ќамили од Регулаторната комисија за домување.

Сопствениците на посебните делови се одговорни за плаќање на сите трошоци за управувањето и другите трошоци што потекнуваат од станбена зграда во согласност со своите сопственички делови, ако со договорот за заемни односи поинаку не е утврдено. За трошоците што настанале со преземање на активности врз основа на одлуки донесени на начин пропишан со Законот за домување поточно одлука за која гласале повеќе од половина од сопствениците на посебните делови, одговараат сите сопственици на посебните делови без оглед на тоа дали гласале против предложените одлуки.