Премиерот Заев отворено се стави во улога на поттикнувач на еден од најтешките облици на корупција и криминал кој ние граѓаните на оваа земја го именуваме како градежна или урбанистичка мафија, реагираат од Здружението „Стар Лагадин“ откако премиерот јавно го поддржа градењето на спорниот хотел во Лагадин на настанот „Силна економија – шанса за сите“ кој се одржа во Охрид.

Со ова, велат од здружението, „видовме и слушнавме како премиерот му ветува на `чичко Никола`, со кого си разменувале приватни смс-пораки, дека тој лично ќе се погрижел градбата на неговиот криминален хотел непречено да продолжи.“

Во 2015 година, од тогашната власт незаконски беше тргнат постоечкиот урбанистички план за Лагадин и донесен т.н. Општ акт со законски и уставни одредби со кој се овозможи не само градење на овој хотел туку и нарушување на урбанистичкиот план на населбата Лагадин. Здружението „Стар Лагадин“ во 2017 година, покрена инцијатива до Уставниот суд за поведување постапка со која ќе ја оцени законитоста на Општиот акт и за негово поништување.

Од Здружението велат дека произнесување на Уставниот суд го очекуваат наскоро и сметаат дека правдата и правото можат да придонесат за спречување на градежната мафија, но и за зачувување на Охридскиот регион кој преставува светско наследство на УНЕСКО. Поништувањето на Општиот акт ќе значи и отстранување на спорниот хотел во Лагадин.

kkarpos1
Извор: МКД.мк