fbpx

Дали е потребна подобра кампања за вдомување улични кучиња?

Одговара Д-р Жарко Михајлоски од Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.

Многу држави во светот воведуваат различни мерки сѐ со цел да го поттикнат граѓанството да вдомува домашни миленици од прифатилишта, во однос на тоа да се купуваат расни педигрирани кучиња. Еве последен пример нѝ е Холандија како земја којашто прва го реши проблемот со кучињата скитници. Една метода што тие ја применувале е воведување на висок данок на прикупување на расни педигрирани кучиња, сѐ со цел да се стимулираат луѓето да вдомуваат домашни миленици од прифатилишта во однос на тоа да плаќаат високи цени за расните кучиња.

Вдомувањето на кучињата од прифатилишта и односот на граѓаните кон нив го покажува цивилизациското ниво на една држава - како ние се однесуваме кон домашните миленици и кучињата скитници, тоа го покажува и цивилизациското ниво на нашата држава. Така што, да - треба да се воведат мерки со коишто граѓаните ќе се стимулираат повеќе да вдомуваат домашни миелници наместо да издвојуваат високи средства за расни педигрирани кучиња.