Одговара проф. д-р Светозар Антовиќ, специјалист по дигестивна хирургија и декан на Медицинскиот факултет при УКИМ.
На секоја земја и е потребен скрининг. Колку сте подобри во тој скрининг, толку сте подобри во борбата со ова заболување. Единствено да речеме западноевроспките земји и особено Америка е земја којашто има добра скрининг програма, кога ќе кажам добра зборувам за опфат на население во таа насока и тоа е единствениот начин да вие ги пронајдете оние луѓе коишто немаат никакви симптоми, а го имаат речеме, ајде да не кажеме ракот во себе туку оние полипи кои што се предканцерозни состојби што доведуваат до појава на рак. Македонија уште во 2012 година прави обид да се воведе една скрининг програма, ама 2012 година се донесе една добра скрининг програма којашто за жал некако неуспешно ја имплементиравме многу беше мал опфатот на население и со тоа онаа цел која што беше крајна не успеавме да ја постигнеме. А, сега гледам Клиниката за гастроентерохепатологија прави сосема еден нов проект којшто мислам дека наскоро може и да почне. А, тоа е директно да се оди со ендоскопски испитувања, односно колоноскопии колку што јас можев да се информирам. Планирани се пет илјади колоноскопии на асимптоматско население над 50 година, кои што ќе се работат исклучиво на Клиниката за гастроентерохепатологија и тоа како пилот проект. Ако овој пилот проект е успешен верувам дека и министерството и клиниката ќе се фокусираат на тој начин да се спроведе тој скрининг во Македонија.