fbpx

Дали финансиско друштво смее да дава мои лични податоци и информации за мојот кредит на други лица?

Одговара Емилија Гиноска од Агенцијата за заштита на личните податоци.

Вашите лични податоци може да се собираат и обработуваат доколку се исполнети условите утврдени во Законот за заштита на личните податоци. На пример, доколку вие сте дале ваша согласност за нивна обработка за една или повеќе цели, доколку личните податоци се потребни за исполнување на законска обврска на контролорот, доколку обработката е потребна за исполнување на договор во којшто вие сте договорна страна. Доколку не се исполнети законски утврдените услови тогаш се смета дека обработката не е законита и во тој случај лицето може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Агенцијата.

Тагови: