fbpx

Дали сите домашни миленици треба да се чипирани?

Одговара Д-р Жарко Михајлоски од Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.

Како што е познато во нашата држава, со законското решение за идентификација и регистрација на домашните миленици се воведе обврска на сите сопственици на домашни миленици да ги идентификуваат и регистрираат во централната база на податоци на информативниот ветеринарен систем. Обврска на секој сопственик на домашен миленик е истиот да го регистрира и идентификува со микрочип, за што добива и пасош за домашни миленици, а тука е и редовната обврска за годишна вакцинација од беснило.

Почетокот и крајот на решавањето на проблемот со кучињата скитници е идентификацијата и регистрацијата. Тоа е главен момент од каде што можеме да почнеме да го следиме патот на секој домашен миленик - од неговото раѓање, неговото движење, менување сопственици, па сѐ до неговата смрт. Без соодветна база на податоци на домашните миленици воопшто не можеме да го решиме проблемот со кучињата скитници.