Одговара Савче Ѓошева, студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Сѐ повеќе и повеќе имаме реакции што доаѓаат од студентите. Така што, имам сѐ повеќе и повеќе претставки коишто бараат големо внимание. Најчесто се реагира за стипендии, студентски оброк, ваучери за превоз кои што цело време нѝ доцнат. Но, понатаму има и случаи коишто навистина се важни во рамките на овој универзитет, а се однесуваат на студентското организирање и на неговата автономија. Случаите можат да бидат поврзани со изборите на некое факултетско собрание, па сѐ до нереспонзивност на некој професор или некоректно однесување од страна на професор кон студент.