Одговара Зоран Василески од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Распределба на имот се врши за време на животот, но и по смртта на сопственикот. Во вториот случај се работи за тестаментално и законско наследување, додека за време на животот имотот може да се распредели со договор за доживотна издршка или договор за дар. Во случајот, тестаментот кој го составило лицето коешто починало и понатаму си има важност додека пак за преостанатиот дел од имотот, идниот оставител којшто во случајот сѐ уште е жив, својот дел од имотот може да го распредели со договор за дар или со договор за доживотна издршка. Во спротивно, тестаментот може да се отвори по смртта на двајцата оставители.