fbpx

Дали за повреда стекната на работно место боледувањето треба да биде исплатено 100%?

Одговара Ирфан Лимани од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Да, се исплаќа 100% со тоа што до 30 дена го утврдува и исплаќа работодавачот, а над 30 дена го исплаќа Фондот. Меѓутоа кога осигурениците поднесуваат барање за исплата на ваков вид боледувања покрај медицинската и друга документација доставуваат записник од трудов инспекторат коишто се утврдува дали работодавачот ги исполнил мерките за безбедност и здравје при работа. И доколку се констатира дека се исполнети условите го исплаќа до еден месец работодавачот. После 30 дена ако сè уште трае боледувањето го исплаќа Фондот. Додека по записник од трудов инспекторат се утврди дека не се обезбедени ваквите мерки од страна на работодавачот тогаш од првиот ден, па се додека трае боледувањето го исплаќа работодавачот.