fbpx

Има ли ограничување на работното време за работниците што вршат обезбедување на транспортот на пари?

Одговара Зоран Василески од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Работникот е должен на барање на работодавачот да врши прекувремена работа, додека пак работодавачот е должен да води евиденција за тоа и навремено да го известува за прекувремената работа на Државниот инспекторат за труд. Притоа иако прекувремената работа е дозволена сепак истата е ограничена на начин што во неделата не смее да се работи повеќе од осум часа прекувремено додека во годината не повеќе од 190 часа прекувремено. Овие ограничувања не се одредени на посебни професии. Во случајот се работи за работник како и сите други работници со свои права и обврски, а исклучоците кои предвидуваат и надминување на овие часа за прекувремена работа се однесуваат само за припадниците на МВР и за дежурствата во здравството.