Каде да реагирам доколку ме нема на избирачкиот список?

Одговара Љупка Гугучевска Филипоска од Државната изборна комисија.

Доколку не сте запишани во избирачкиот список може да поднесете барање за запишување со образец Б1 и тоа директно во нашите подрачни одделенија и канцеларии според вашето место на живеење или пак електронски преку емајл адресата [email protected]. Образецот на барањето е достапен на нашата веб страница под копчето избирачки список од каде што истиот можете да го симнете и да го пополните.