fbpx

Каде и до кои институции може да реагира студентскиот правобранител по одредена пријава?

Одговара Савче Ѓошева, студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Зависно од тоа каков е случајот, студентскиот правобранител може да се обрати до институциите и да соработува со нив за да му дадат поткрепа на неговиот извештај или случај. На пример, може да се обрати до Народниот правобранител доколку нечие право е прекршено, потоа до Комисијата за заштита од дискриминација или до антикорупциски офицер за да се разрешат случаите.