fbpx

Каде треба да пријавам доколку не можам физички да дојдам до гласачкото место?

Одговара Љупка Гугучевска Филипоска од Државната изборна комисија.

Доколку физички не можете да дојдете до гласачкото место можни се две ситуации: ако е лице кое е болно или немоќно и од таа причина сакате да гласате во својот дом на денот пред изборите треба да доставите известување до општинската изборна комисија од вашата општина на живеење. Известувањето може да го доставите преку полномошник заедно со копија од ваш личен документ најдоцна седум дена пред денот на изборите. Доколку гласачкото место на денот на изборите ви е непристапно во тој случај избирачкиот одбор е должен да ви обезбеди до истото да пристапите. Извештај за пристапноста на сите гласачки места е објавен на нашиот портал за избори ep.sec.mk доколку пред изборите увидите дека гласачкото место на кое гласате е непристапно може да остварите комуникација со општинската изборна комисија со вашата општина како би се презеле навремено соодветни мерки за обезбедување пристапност.