fbpx

Како да се заштитат лицата кои боледуваат од белодробни заболувања во зимскиот период кога загадувањето е поголемо?

Одговара д-р. научен соработник Марија Здравеска од Клиниката за пулмологија и алергологија.

Најдобра заштита е да не бидеме изложени на ова загадување односно да се намали изложеноста на тие штетни пареи, да се намали загадувањето. Доколку тоа не е можно можеме да се заштитиме делумно со носење на заштитни маски и користење на прочистувач на воздух во затворените простории.