Одговара Рената Младеновска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Пациентите и граѓаните може да реагираат во било која ситуација. Тоа значи дека треба да се поднесе писмена претставка до архивата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат или пак да нѝ испрати претставка во електронска форма на официјалниот маил [email protected] за секој проблем со којшто ќе се соочи во здравствена установа. Нашата надлежност во најголем дел е во областа на здравството и таму најмногу постапуваме. Тоа е едниот начин. Другиот начин е со пријава во самата здравствена установа, па таа да постапи по неговата претставка или да нѐ извести доколку не можат да го решат проблемот.