fbpx

Кои се условите за да се добие еднократна парична помош за новороденче?

Одговара Наташа Станојевиќ од Министерството за труд и социјална политика

Еднократна парична помош за новороденче се исплаќа за прво родено и за второ родено дете согласно Законот за заштита на деца. Рокот на поднесување на потребната документација е 90 дена од раѓање на детето. Потребни документи за остварување на ова право се извод за новороденчето, а кога имаме барање за поднесување на второ дете, извод и за првото дете, лична карта на увид, потврда од гинеколог дека била контролирана бременост и доказ ако личната карта е понова од две години потврда за жителство дека мајката е жител на градот каде што го поднесува барањето. Висината на паричните права е 5.100 денари за прво родено дете и 24.000 денари за второ родено дете.