fbpx

Која е најчестата причина за хронично опструктивна белодробна болест?

Одговара д-р. научен соработник Марија Здравеска од Клиниката за пулмологија и алергологија.

Хроничнo опструктивна белодробна болест практично претставува болест која што е предизвикана од хронично долготрајна изложеност на штетни нокси, односно вдишување на штетни пареи и штетни состојки во воздухот којшто го вдишуваме. Таквата изложеност низ времето низ годините ги оштетува дишните патишта прогресивно го оштетува белодробниот панихим предизвикува инвалидитет, хронични проблеми и инвалидитет на пациентот со самото тоа го оштетува неговиот квалитет на живот, неговата професионална способност. Но, има и огромно влијание како и социјално, така медицинско, така и економско влијание на целокупната средина на целокупната држава.