fbpx

Која е постапката за болно лице да може да гласа од дома?

Одговара Љупка Гугучевска Филипоска од Државната изборна комисија.

Гласачите кои се болни или немоќни може своето избирачко право да го остварат во своите домови, доколку претходно за тоа достават известување на општинската изборна комисија во општината каде што живеат. Во тој случај избирачкиот одбор ги посетува во нивниот дом и ја спроведува целата постапка за гласање во домот на гласачот при што е должен да му обезбеди тајност на гласачот при остварување на неговото право.