fbpx

Која е постапката за исплата на паричен надоместок за починат родител?

Одговараат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија.

Постапката за исплата на посмртна помош или солидарен фонд започнува со поднесување барање од страна на член на семејството или друго лице кое го извршило погребот на корисникот на пензија. Барањето се поднесува до подрачната единица на Стручната служба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на РСМ, според адресните податоци каде што се вршела исплатата на пензијата на корисникот на пензија до денот на смртта.

Кон барањето се приложуваат и следните документи:

  • Извод од матична книга на умрените;
  • Последен чек за пензиските примања на починатиот корисник;
  • Број на трансакциска сметка на наследникот, на која ќе бидат уплатени средствата,
  • Фактура за извршен погреб.