fbpx

Колку е важно органодарителството за здравствениот систем?

Одговара проф. д-р Светозар Антовиќ, специјалист по дигестивна хирургија и декан на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Јас ќе ви кажам еден интересен факт, а тоа дека иако сме рано во тој цел процес, досега на направивме три трансплантации (црн дроб.) Меѓутоа, кога ќе го погледнете процентот на пациенти кои биле прашани и дарувале орган ние сме тука со европските земји, односно некаде 43%. И тоа без никакви посебни кампањи, без посебно рекламирање на органодарителството како хумана работа. Она што барем јас цело време го зборувам е дека ние немаме проблем со населението, дека луѓето одбиваат да донираат органи или се движиме во ние светски рамки. Повеќе она што ни треба е да го развиваме здравствениот систем за да може лекарите, особено анестезиолозите да препознаваат пациенти со мозочна смрт. На пример, за една година направивме три трансплантации она што ни е потребно како држава се околу 15 до 20. Ако не стигнеме до таму тогаш не е тоа заради населението, туку тогаш е заради здравствениот систем. Инаку, органодарителството како органодарителство е исклучително важно, бидејќи на друг начин за да направиме орган засега не постои. Едноставно ќе мора за жал да го земеме од пациентот кој за жал имал мозочна смрт или од здрави пациенти тоа е она што го викаме ливинг донор трансплантација, односно трансплантација од здрав дарител којшто се најчесто дел од семејството нешто што лично јас многу, многу не го сакам. Меѓутоа светот се повеќе ја бутка таа опција не за друго нема толку кадавери односно пациенти со мозочна смрт колку што има потреба од органи. Така што јас мислам дека земјава државата треба да води сметка за популаризирање на органодарителството, бидејќи ние сме едно мултиетничко општество која што на оваа тема е сензитивно и ќе мора да се припреми.

Поврзани написи

Дали имам право на старосна пензија од починат сопруг во РСМ, ако веќе земам старосна пензија од Косово?
Кои документи треба да се достават при јавување на контролен преглед за скратено работно време? Дали треба да се повтори истата постапка како при иницијалната оценка?
Како е може странец да оствари здравствено осигурување во Македонија за добивање привремен престој ако е невработен, а не е студент?
Каде може да пријавам лабораторија што ми даде погрешни резултати од крвна слика? Поради резултатите примав терапија која не ми беше потребна.
Имам фирма, но се водам како самостоен занаетчија. Секој месец плаќам придонеси, но немам законска обврска да си пуштам плата. Дали ми следува породилно?
Дали може да се продолжи договор за вработување додека работничката е на породилно отсуство? Договорот на определено време истекува за време на породилното.