Одговара Савче Ѓошева, студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Кај студентскиот правобранител може да се реагира со тоа што студентот којшто смета дека му е прекршено некое право или има некаква ситуација во којашто тој бил угнетен од страна на единицата на универзитетот, тогаш може да се обрати преку мaил со писмено барање или претставка. А, понатаму откако студентскиот правобранител ќе го испита овој случај, тој постапува по случајот со тоа што го разрешува спорот помеѓу единицата и студентот.