fbpx

Дали банката смее да наплати за затворање на сметка или картичка?

Одговара Игор Величковски од Народната банка на Република Северна Македонија.

Ова е многу важно прашање кое е уредено со Законот за платежни услуги и платни системи при тоа граѓаните треба да знаат дека можат да го раскинат рамковниот договор којшто го склучиле со банката во било кое време и со тоа да затворат платежната сметка и да ја затворат платежната картичка. Надоместокот кој што треба да го платат за затворањето всушност треба да е уреден со рамковниот договор и наведен во тарифникот на банката. За самото затворање на платежната сметка и платежната картичка граѓаните не треба да платат никаков надоместок. При што самото затворање на овој продукт не зависно дали станува збор за платежна сметка и платежна картичка треба да се реализира во истиот ден кога го поднеле барањето, доколку со рамковниот договор не договориле отказен рок. Доколку договориле одреден отказен рок за прекинување на услугата тој не може да биде подолг од 30 дена согласно законот.

Сепак важно е граѓаните да знаат дека доколку рамковниот договор го склучат пред еден месец на пример и денеска се обраќаат до банката за да ја прекинат услугата независно дали е поврзано со платежна сметка, платежна картичка може да е дебитна кредитна или се со некој друг платежна услуга. Како што е на пример онлајн банкарство или мобилно банкарство тогаш банката има право да наплаќа одреден надоместок, бидејќи граѓаните ја користеле услугата помалку од шест месеци којшто е минимален период утврден со законот за бесплатно раскинување на рамковниот договор. Сепак и во таков случај банката не смее да им наплати надоместок со којшто ќе оствари заработка туку цената на оваа активност на затворање на производот  треба да е на ниво на вистински направени трошоци, односно на реалните трошоци коишто ја чинат банката за затворање на производот.

Важно е исто така да знаат граѓаните дека кога се обраќаат кон банката на одреден ден во месецот за прекинување на некоја услуга платежна сметка или платежна картичка  или онлајн услуги треба да имаат предвид дека на банката треба да и платат надоместок за одржување на тој производ за периодот од месецот за којшто го користеле истиот. На пример ако се обраќаме на 15ти во месецот за да го прекинеме производот платежна сметка или платежна картичка надоместокот кој може да ни го наплати банката ќе изнесува една половина од надоместокот утврден во тарифникот за тој месец. Ако банката наплатува на пример 40 денари  месечно одржување за платежна сметка, а ние се обраќаме на 15тиот ден од месецот банката може да ни наплати само 20 денари  за месечно одржување на платежната сметка. Доколку евентуално банката го наплатила надоместокот на почеток на месецот авансно должна е да ни врти 20 денари при затворањето на платежната сметка. Истиот принцип се применува и кога затвораме платежна картичка зависно дали е дебитна или кредитна или пак онлајн услуги, мобилно електронско банкарство или било која друга услуга за која што банката предвидела одредено месечно или годишно одржување на сметката или продуктот за коешто наплатува надоместок.

Многу е исто така важно  граѓаните да знаат дека треба да им понудат рамковен договор којшто треба да го склучат пред да започнат на користење на платежните услуги, а со кои детално се уредуваат правата и обврските во врска со користењето на самите услуги, како за банките така и за граѓаните. Овие рамковни договори се многу важни да бидат на јасен начин разбрани од граѓаните поради што е потребно внимателно да ги прочитаат пред да ги потпишат истите со цел опфатно и детално да се информираат за нив.

При тоа во текот на користењето на услугите од банката утврдат дека банката не им ги дава услугите согласно со рамковниот договор или пак надоместоците коишто им ги наплатува не се во согласност со прописите имаа право да поднесат приговор до банката, како и поплака до Народната Банка којашто соодветно ќе биде разгледана од наша страна. На крај само би спомнал дека граѓаните имаат право да ги заменат старите договори кои што ги склучиле со отворање при отворање на сметки платежни картички сите оние договори пред примената на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, односно пред 1 јануари 2023 и да ги заменат со нови рамковни договори на кој начин би се обезбедил поголема правна заштита во однос на користењето на платежните услуги.