fbpx

Дали е подобро локалните самоуправи да платат за стерилизација на кучињата скитници отколку да плаќаат оштета за каснување на граѓаните?

Одговара Д-р Жарко Михајлоски од Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.

Финансиските последици коишто локалните самоуправи ги сносат заради каснувањата на луѓе од кучиња скитници гледаме дека се огромни и стануваат сѐ поголеми и поголеми. Многу би било подобро кога тие средства би се вложувале превентивно во едукација на населението, во програми каде што со претходна стерилизација и кастрација на домашните миленици нема да се доведеме во ситуација да се зголеми популацијата на кучиња скитници и последицата да биде каснување од нивна страна.

Постојат многу позитивни примери во различни држави каде што локалните самоуправи па и државата издвојуваат средства во вид на ваучери што им ги доделуваат на граѓаните сѐ со цел да се намали популацијата на кучињата скитници и да се контролира нивната репродукција.

Со претходно направена стратегија и програми може да се одвојат средства коишто за одреден период ќе доведат до драстично намалување на популацијата меѓутоа со почитување на законските норми - регистрацијата на домашните миленици и одговорното сопствеништво. Без контрола на одговорното сопствеништво, ниту една мерка нема да има ефект па макар и во случај државата да вложува милиони. Проблемот ќе остане.