fbpx

Дали лице кое е вработено со полно работно време смее дополнително да работи на друго место?

Одговара Весна Кочовска, експерт по трудово право.

Во Законот за работните односи е уредено дополнителното работење на работниците. Во член 121 од Законот за работните односи е предвидено дека работникот кој работи со полно работно време по исклучок може да склучи договор за вработување на неполно работно време со друг работодавач најмногу за десет часа неделно. При тоа е потребна претходна согласност од работодавачот каде што работникот засновал работен однос на полно работно време. На работникот кој склучил договор за вработување за дополнително работење престанува да му важи договорот за вработување по изминувањето на договореното време или ако е повлечена согласноста на работодавачот кај кого работникот е во работен однос со полно работно време.