Одговара Севиме Зекири од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија.
Лице кое има возраст од над 75 години и живее со своите деца има право на социјална пензија. Но, ова право е регулирано согласно Законот за социјална заштита. За ова прашање ќе се обратите во центрите за социјална работа, во општината каде што живеете.