fbpx

Дали при нега на болно дете до три години од 7 или 14 дена се крати плата и кој ги исплаќа средствата?

Одговара Ирфан Лимани од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Нега на болно дете до три годишна возраст исплаќа Фондот од првиот ден, во висина од 70% од утврдената основица на плата. Придружник во болничко лекување го исплаќа работодавачот согласно колективните договори што ги има секој работодавач и е различно уредено. Меѓутоа во овој дел кога го договараме разговорот видов и прочитав неколку колективни договори таму нема некои драстични промени во овој дел. Со тоа што првите седум дена се исплаќа 70 % до 15 дена се исплаќа 80% до 30 дена се исплаќа 90%. Грешки се случуваат претежно кај матичните лекари со тоа што ако речеме на пример 15 дена се користи боледување од коишто 15 дена 3 дена родителот бил придружник, а останатите денови испишано од болница и е на домашна нега тука треба матичниот лекар да направи разграничување за придружник значи го исплаќа работодавачот, а останатиот дел го исплаќа Фондот односно домашна нега односно негување на самото дете го исплаќа Фондот. И ние секогаш инсистираме дали кај матичните лекари, дали кај лекарските комисии вакво разграничување да се направи и да нема забуни.