fbpx

Дали сопствениците имаат обврска да ги стерилизираат своите миленици?

Одговара Д-р Жарко Михајлоски од Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.

Според постоечкото законско решение сопствениците немаат обврска да ги стерилизираат своите миленици и тоа останува на желбата на сопствениците. Самата стерилизација на домашните миленици не само што придонесува за намалување и можност за контрола на нивната популација туку знаеме дека придонесува и за одржување на нивното здравје.

Со предложените измени во Законот за благосостојба на животните, се надеваме дека ќе се воведе регулатива со којашто држателите на домашни миленици, оние коишто сакаат понатаму да ги репродуцираат, ќе мора да бидат пријавени во регистарот со што ќе бидат регистрирани или како одгледувачници или како одгледувач на домашен миленик којшто сака понатаму да го репродуцира.

Значи сега засега нема законска обврска за стерилизација и тоа останува на желбата на сопствениците. Но, се надеваме дека со новите измени на Законот за благосостојба на животните истото ќе стане обврска на држателите на домашни миленици.