Дали сопственик на три стана во една зграда треба за секој стан посебно да плаќа за куќен совет?

Одговара Љупчо Довичински од Регулаторната комисија за домување.

Ако становите се на три имотни листа и претставуваат посебна функционална градежна целина, тогаш се плаќа за секој одделно. За резервниот фонд, секако се плаќа од метар квадратен.