fbpx

Дали треба да платам за опомени од страна на банка и јавно претпријатие?

Одговара Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачите на Македонија.

Доколку како потрошувачи добиваме опомени од банките, јавните претпријатија, трговците каде што имаме купено одредени производи на рати затоа дека доцниме со нашата рата, односно дека ни е доспеана нашата рата којашто треба да ја платиме тие може да ни испорачаат опомена. Меѓутоа како потрошувачи треба да знаеме дека таа опомена што ни ја испорачуваат не смеат да ја наплатат. Односно банките, трговците, јавните претпријатија опомените што ги доставуваат до потпишувачите не смеат да ги наплатуваат согласно Законот за заштита на потрошувачи.