Дали за оштетена фасада на зграда треба да платат сите станари или само оние кои живеат на таа страна од зградата?

Одговара Љупчо Довичински од Регулаторната комисија за домување.

Оваа проблематика е регулирана со Договорот за взаемни односи кој меѓу другото го опфаќа одржувањето на безбедноста и употребливоста на посебните делови и зградата како целина, како и естетскиот изглед. Тој договор го донесуваат сопствениците на посебните делови. Покрај тоа, сопствениците донесуваат и план за одржување на зградата за период од една до пет години. Ова се документи кои ги донесуваат сопствениците на посебните делови и треба да се провери што е предвидено таму.