fbpx

Дали заболениот со професионално заболување има право на парична отштета?

Одговара Зоран Василески од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Професионалното заболување се утврдува врз основа на медицинска експертиза изготвена од страна на Институтот за медицина на трудот. Правото на надомест на штета доколку претходно била склучена полиса за осигурување од професионално заболување, може да се искористи врз основа на таа полиса. Доколку за работникот не е склучена ваква полиса тогаш во соработка со Државниот инспекторат за труд треба да се провери дали работодавачот ги водел потребните евиденции за професионални болести и дали ги обезбедил соодветните заштитни средства согласно со Законот за безбедност и здравје при работа. Во тој случај барање за надомест на штета, а понатаму и тужбата за надомест на штета треба да се испрати до работодавачот односно тужбата да се поднесе против работодавачот.

Поврзани написи

Дали имам право на старосна пензија од починат сопруг во РСМ, ако веќе земам старосна пензија од Косово?
Кои документи треба да се достават при јавување на контролен преглед за скратено работно време? Дали треба да се повтори истата постапка како при иницијалната оценка?
Како е може странец да оствари здравствено осигурување во Македонија за добивање привремен престој ако е невработен, а не е студент?
Каде може да пријавам лабораторија што ми даде погрешни резултати од крвна слика? Поради резултатите примав терапија која не ми беше потребна.
Имам фирма, но се водам како самостоен занаетчија. Секој месец плаќам придонеси, но немам законска обврска да си пуштам плата. Дали ми следува породилно?
Дали може да се продолжи договор за вработување додека работничката е на породилно отсуство? Договорот на определено време истекува за време на породилното.