Одговара Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачите на Македонија.
Согласно Законот за заштита на потрошувачи бидејќи е донесен во Ноември 2022 година, потрошувачите треба да знаат дека кога ќе купуваат одредени производи, користат услуги или користат јавни услуги, а се незадоволни од самиот производ или од квалитетот на услугата имаат право да поднесат потрошувачки приговор. Потрошувачкиот приговор се поднесува до трговците, односно до продавачите и давателите на услуги, давателите на јавни услуги и тие имаат обврска да го примаат вашиот потрошувачки приговор и во рок од 15 дена да ви одговорат на кој начин проблемот којшто го имате ќе биде решен.