Одговара Горан Јанкоски од Народната банка на Република Северна Македонија.
Ние како Народна банка пред сè сме задолжени за воведување на безбедносни стандарди од страна на банката. Меѓутоа, очигледно е дека како технологијата се развива се повеќе и полесна мета стануваат напаѓачите и ги одбираат клиентите на банките односно граѓаните, бидејќи полесна мета се односно имаат помалку безбедносни стандардни имплементирано кај нив. Како најраспространета начин на напад моментално претставува фишингот. Што е тоа фишинг?
Фишинг како напад користи измамнички постапки и методи со кои напаѓачите користат така наречени тактики, измамнички тактики со цел од населението, односно од граѓаните да добијат податоци, чувствителни податоци најчесто поврзани со или откривање на нивни лични податоци, или чувствителни податоци за плаќање како сериски број на картичка, пин броеви итн. Како најраспространет начин на кој доаѓа фишингот е преку електронската пошта, односно преку електронската комуникација. При тоа треба да се внимава доколку се добие некоја порака еве да речеме од некоја банка, доколку таа порака предизвикува некое чувство, емоција кај самиот граѓанин кога ќе ја прочита таа порака пример, кога би ги имало зборовите: итно, важно, сместа да се направи активноста, значи кога предизвикува некаква емоција кај граѓанинот во тој момент граѓанинот може да кликне на линкот на самата порака и притоа да биде пренасочен кон некоја малициозна веб страна која понатака значи во таа малициозна веб страна ги остава во два или три чекори ги остава и корисникот е намамен да ги остави своите сериски број, име презиме и така натака, односно тие податоци напаѓачот може да направи некаква материјална, финансиска, репутациска штета за граѓанинот. Затоа многу е битно при фишингот да се проверат неколку работи и да се провери од каде доаѓа адресата. Значи, дали банката вообичаено преку таа електронска адреса ви ги испраќа пораките? Дали предизвикува пораката одредена емоција кај вас, потреба од итност? Трето, дали има некаков си линк значи во самата порака? Тие треба вас да ви бидат едни црвени сигнали со кои вие треба да препознаете фишинг порака. Како друг канал кој доаѓа од фишингот.
Исто може да дојде преку различни канали, може да дојде преку СМС порака значи се е исто, со тоа што порака не стигнува преку електронска пошта, туку на вашиот мобилен телефон како СМС порака. Понатаму исто сакам да ви укажам да обрнете внимание на објавите на социјалните мрежи и злонамерното рекламирање. Тоа би било на пример кога одите на вашата омилена социјална мрежа и наеднаш видите дека некоја банка рекламира некаква банкарска услуга и продукт по неверојатно добра цена или понуда. И на тој начин вие со кликањето на таа веб страна која не е легитимна, не е на банката. Туку е на некој кој злонамерно се претставува во име на легитимна банка во Македонија вие во суштина одите на некоја веб страна која е малициозна и на која може да се предизвика некоја материјална штета со што ќе ги оставите вашите податоци на банкарски картички, име и презиме итн.