fbpx

Како може да се стане згрижувач?

Одговара Валентина Димовска од СОС Детското село.

Процесот на станување згрижувач е проследен покрај со задоволувањето на овие законски критериуми кои се утврдени согласно правилник потребно е да се помине обука за згрижувач и таа обука трае согласно нашата програма која ние ја спроведуваме по PRIDE методологијата два ипол месеци, односно девет сесии на воведна обука низ којашто идниот згрижувач се стекнува со одредени пред знаења кои се предуслов да може да се бави со згрижувачката функција. Значи воведната обука ја поминуваат сите кандидати кои доставиле барања во Центарот за социјална работа и коишто изразиле желба да се обидат да влезат во процесот на станување згрижувач. Низ обуката покрај тоа што ќе се стекнат со одредени знаења, ќе стекнат одредени вештини како да излезат во пресрет на потребите на детето тие поминуваат низ еден процес на само проценка за тоа дали себе си може да се видат во оваа улога и како ја доживуваат меѓутоа и низ проценка која ја прави стручниот тим, односно проценка на нивните квалитети знаења, способности и можности да бидат згрижувач. Значи воведната обука е задолжителна за сите идни згрижувачи.

Повеќе информации на бесплатниот телефон 075 277 447 и на веб страната www.zgrizuvanje.mk