Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Ние гледаме сега некои последици од полиомиелитот што ги имаат да речам возрасни што во тоа време кога ја немало вакцината прележале полиомиелит. И полиомиелитот е сериозно заболување кое што може да остави инвалидитет, тоа е воспаление на нервната туба на нервите со нивно оштетување може да дојде до последица лицата да криват, да не можат да одат, да имаат потреба од помагала заради оштетување на периферните нерви на нервниот канал. Таа вакцина е исто и во склоп на оние петтовалентни и шестовалентни што ги викаме. Значи сите деца треба да примаат во првата година на два, на четири и шест месеци. Потоа на година и пол заедно ревакцината петтовалентната и потоа на седум години тоа е втората ревакцина што ја примаат во тетравалентната ја содржат и полиото. Значи, со овие пет дози на полио вакцина се смета дека организмот е заштитен.